Каратистот Мартин Несторовски кој освојуваа медали претставувајќи ја Македонија го осудува сквернавењето на Порта Македонија.
-Можеби ја урнисаа со боја и јајца. Но Порта Македонија е симболот на победата на нашите спортисти: кошаркарите, ракометарите, таа е симболот на сите наши победи. Сеќавањето дека Порта Македонија го одбележа 4-то место на нашите кошаркари на Европското првенство, неможат да го покријат со нивната боја. Низ Портата поминаа сите наши асови: Кире Лазаров, Наумче Мојсоски, Перо Антич, Владо Илиевски, Војдан и Дамјан Стојановски и сите наши спортски јунаци, тие ја симболизираат Портата нив не можат да ги покријат со нивната боја, ниту ќе го покријат чувството на Македонците кон нашите спортски легенди, напиша тој на својот Фејсбук статус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.