Пејачката Емина Јаховиќ, која откако се омажи се пресели во Истанбул, каде што живее со сопругот Мустафа Сандал и синовите Јаман и Јавуз, во моментов престојува во родниот Нови Пазар, каде што е во посета на баба и која е тешко болна.
-Мустафа и јас сме спортски типови и многу време поминуваме во вежбање. Најчесто сме во теретана, а јас постојано му зборувам за природните убавини кои ги има во мојот роден крај. Кон крајот на летово децата ќе ги пратам во Нови Пазар да поминат најмалку 15 дена, се со цел да го научат српскиот јазик, но и за да се дружат со роднините кои со нетрпение ги очекуваат да пристигнат. И Мустафа има голема желба да дојде со нив, но работните обврски не му дозволуваат. Многу е лошо што Нови Пазар е далеку од Белград, има пет часа возење од аеродром – изјавила пејачката која во моментов е преокупирана и со реновирање на семејниот дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кој е турскиот милијардер, новото момче на Емина Јаховиќ: Еве на што падна пејачката!
-
Алармантно ослабната: Емина во тешка депресија по разводот (ФОТО)
-
Еве како изгледаше Емина Јаховиќ пред пластичните операции
-
Минува низ најтешките моменти: После објавата за развод, потегот на Мустафа ги растажи сите!