| четврток, 6 декември 2018 |

Заболекар останал во шок кога ги прегледувал забите на тригодишно дете

Сите знаеме дека зашеќерите пијалоци и храна се калорични и лоши за здравјето, но педијатриските заболекари откриваат дека сѐ поголем број деца имаат проблем со пропаѓање на забите поради храната полна со шеќери.

Во САД 42 отсто од децата меѓу две и 11 години имаат кариес на млечните заби, а 21 отсто меѓу 6 и 11 години имаат кариес на трајните заби.

Уште пред четири години медиумите пишуваа за тоа како степенот на пропаѓање на забите е толку голем што заболекарите мора да користат општа анесттезија бидејќи децата не се во состојба будни да ја издржат целата процедура.

Минатиот месец тригодишно дете од Нов Зеланд морал да издржи вадење на 11 заби поради многу голема консумација на шеќер. Неговата мајка редовнно во шише му давала да пие газиран сок.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top