| четврток, 6 декември 2018 |

Музејот на македонската борба најостро ги осудува нападите врз Порта Македонија

НУ Музеј на македонската борба – Скопје најостро ги осудува нападите и оштетувањата извршени изминативе денови врз објектот Порта Македонија, кој, меѓу другото, е споменик заштитен со закон.

„Со овие напади не само што се прави материјална штета на објектот, туку се гази и врз значењето на споменикот Порта Македонија како симбол на обединување на сите генерации и симбол на победата на македонската реалност, мирот и на многувековната борба за слобода и осамостојување“ се вели во соопштението испратено до медиумите од Музејот на македонската борба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top