Медицинскиот персонал од Хирургија, Гинекологија, Уво, грло и нос, кој на работа одеше во Струга, се врати во матичната болница во Охрид. На уролошкото одделение беше направен и првиот оперативен зафат.
Новото болничко крило во охридската Општа болница почна со работа. По две години добивање на здравствени услуги во Струга, охриѓани конечно ќе се лекуваат во сопствениот град. Медицинскиот персонал од Хирургија, Гинекологија, Уво, грло и нос, кој на работа одеше во Струга, се врати во матичната болница. На уролошкото одделение беше направен и првиот оперативен зафат.
Апаратурата во болницата е речиси 90 отсто инсталирана, а пациентите почнаа да се упатуваат во новата болница каде со полна пареа веќе работат амбулантите. Директорот Љубен Арнаудов признава дека проблем ќе претставува екипирањето, затоа што се покажало дека на одредени одделенија ќе има потреба од дополнителен персонал.
-Сè е комплетно опремено, по најнови стандарди и висок степен на хигиена. Очекуваме уште два контејнери со поситен инвентар, кој беше планиран, но се снајдовме со некои работи кои беа добри од старата болница ги зедовме на користење сè додека опремата не се докомплетира, вели д-р. Љубен Арнаудов, директор на општата болница Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.