Триесет и двегодишната Агилера неодамна се пресели во соседството на Чарли Шин, Парис Хилтон и Роби Вилијамс. Пејачката со моќен глас купи куќа во приватната и престижна населба Мулхоланд Естејтс во Беверли Хилс, Калифорнија.

За 10 милиони долари Агилера стана сопственичка на куќа во медитерански стил со шест спални соби и со девет бањи. На површина од над 1.000 метри квадратни, куќата има најмалку 5 камини, библиотека, бар и винарска визба.

Околу куќата има уредена градина, базен со солена вода и спа просторија.







Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


