Повеќе од 1, 2 милиони руси денеска му поставија прашање на рускиот претседател Владимир Путин, јавувајќи се на посебна телефонска линија, испраќајќи СМС пораки и пораки на посебен веб сајт.
Специјалниот кол центар почна да функционира од вчера, а ќе биде отворен до утре, по што целата конференција ќе се прикажува на Првиот канал и на Росија 1 и Росија 24 утре попладне.
Многу повици се регистрирани и од други држави како од САД, Канада Израел, Франција и Германија, но и од Украина, Казахстан, Молдавија и Таџикистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.