Комесарот Јоханес Хан сака да ги види четворицата политички лидери од Македонија и тие да бидат на располагање во секој момент кога ќе ги повика, со цел решавање на политичката криза во земјата која доживува постојани пресврти во изминатиот период, изјави денеска неговата портпаролка Маја Коцијанчиќ, пренесе МИА.
Коцијанчиќ потврди дека официјален Брисел е загрижен за влошувањето на состојбата во Македонија и дека Хан е во постојан контакт со македонските политички лидери со цел тие да му се вратат на договорот од Пржино и реформските приоритети.
– Комесарот Хан е подготвен да се види лидерите во кус рок. Тие мора да покажат подготвеност да ја донесат нивната земја назад на евроатланскиот пат – истакна Коцијанчиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.