| четврток, 6 декември 2018 |

Брисел: политичките лидери да се вратат на Договорот од Пржино

European commissioner Johannes Hahn helps with the political crisis in MacedoniaКомесарот Јоханес Хан сака да ги види четворицата политички лидери од Македонија и тие да бидат на располагање во секој момент кога ќе ги повика, со цел решавање на политичката криза во земјата која доживува постојани пресврти во изминатиот период, изјави денеска неговата портпаролка Маја Коцијанчиќ, пренесе МИА.

Коцијанчиќ потврди дека официјален Брисел е загрижен за влошувањето на состојбата во Македонија и дека Хан е во постојан контакт со македонските политички лидери со цел тие да му се вратат на договорот од Пржино и реформските приоритети.

– Комесарот Хан е подготвен да се види лидерите во кус рок. Тие мора да покажат подготвеност да ја донесат нивната земја назад на евроатланскиот пат – истакна Коцијанчиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top