| четврток, 6 декември 2018 |

Барса му го честиташе 800. гол на Кире Лазаров во нивниот дрес

kire lazarov

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров се врати на терените многу порано од очекуваното и тоа на голема врата. Иако имаше мала минутажа на денешниот натпревар од 25. коло против Бенидорм, македонскиот интернационалец го постигна 800. гол во АСОБАЛ. Ова фантастично остварување го реализираше уште двапати и тоа во Атлетико Мадрид и на Сиудад Реал.

Во мечот во кој каталонскиот гигант апсолутно издоминира над противникот, Лазаров беше стрелец на два гола, еднаш од седум метри и еднаш со удар од девет метри. Барселона победи со 33-18 (15-10) и е сè поблиску до одбрана на титулата.

На Лазаров му беше предвиден принуден одмор од две недели поради повреда на коленото, која ја заработи во Гдањск, а со тоа се очекуваше да се врати на теренот на двомечот со Кил во рамки на ракометната Лига на шампиони.

kire lazarov

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top