Пејачката Лепа Брена се почести со еден од најлуксузните автомобили на светот, „мајбах С500“.
Брена го купила луксузниот автомобил од пријателката Драгана Мирковиќ. блиските пријатели на пејачката велат дека таа одамна посакувала да има „поелегантен“ автомобил од џиповите, кои досега ги возеше, а мерак имала токму на автомобилот што го вози Драгана.
– Брена сакаше нов автомобил, а кога и да се видеше со Драгана и со нејзиниот сопруг Тони зборуваше дека треба да си набави токму таков автомобил. Таа ја искористи можноста да купи вредна работа на практичен начин. Брена секогаш беше паметна бизни-жена – кажал извор близок до Брена и до Драгана.
Музичката ѕвезда својот нов „мајбах“ го платила околу 150.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.