Брод на кој биле околу 400 сомалиски бегалци потонал во Медитеранското море во близина на египескиот брег. Се стравува дека повеќе стотина луѓе се удавиле.
Некои од преживеаните наводно се однесени на грчките острови наведува „Би-би-си“.
– Неколку стотина луѓе се удавија во новата мигрантска трагедија на Медитеранот – изјави италијанскиот претседател Серџо Матарела.
Матарела изјави дека Европа треба да се соочи со нова трагедија во Медитерано, наведува „Раша тудеј“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.