| четврток, 6 декември 2018 |

Раниери: Уживаме во играта, сè е во наши раце

И покрај ремито против Вест Хем (2-2) на домашен терен, Клаудио Раниери не е премногу загрижен околу финишот во трката за титулата со Лестер.

Неговите фудбалери му дадоа можност на Тотенхем да се врати во битката за насловот, но Раниери вели дека уште сè е во нивни раце…

– Не сум загрижен. Бевме загрижени на почетокот од сезоната, затоа што сакавме да освоиме 40 бода. Сега си уживаме, се е во наши раце, ќе се бориме и ќе биде одлично ако стигнеме до титулата. Ако Тотнехем на крајот биде шампион, тоа значи дека се подобри од нас. Одиме максимално до крај – вели Раниери

Лестер сега е на осум бода пред Тотенхем, кој својот меч од ова коло го игра денеска против Стоук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top