| четврток, 6 декември 2018 |

Чекаат и бебе и развод!

меган
Брајан Остин Грин (42) потврдил дека е татко на детето кое го носи Меган Фокс (29), но открил и дека парот не планирал уште едно бебе.
-Знаете ништо не е планирано. Ни едно не планиравме, но кога ќе се случи, се снаоѓаш. Во моите години да имаш трето дете е лудост. Оваа година ќе наполнам 43 години- рекол Брајан.
Иако прекинаа пред осум месеци и покренаа развод, парот живее заедно во изнајмен дом во Бел Ер. Веќе имаат две деца, Ноа (3) и Боди (2), а Брајан го има и 14 годишниот син Касиус од врската со Ванеса Марсил. Брајан и Меган се заедно од 2004 гоидна.
Иако чекаат трето дете, парот наводно планира да се разведе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top