Приходите на џихадистичката група Исламска држава (ИД) за една година се намалиле за околу 30 отсто, што ги принудува екстремистите да воведат нови даноци на териториите кои се под нивна контрола, се наведува во денеска објавената анализа на консултантската компанија „АјЕјчЕс Џејнс“, која редовно подготвува извештаи за овие реони.
Минатиот месец приходите на ИД се намалија на 56 милиони долари, додека кон средината на 2015 година вкупните приходи на групата за еден месец достигнаа 80 милиони долари, изјави аналитичарот во компанијата, Лудовико Карлино. Во извештајот, кој е подготвен врз основа на податоци од социјалните медиуми и извори во Сирија и Ирак, се тврди дека добивката на нафта во зоните кои се под контрола на ИД се намалила од 33.000 на 21.000 барели дневно. Најголема причина за ваквите загуби се воздушните напади, кои ги извршува меѓународната коалиција предводена од САД и Русија. Речиси половина од доходите на ИД се од даноци и конфискација на претпријатија и имоти, 43 проценти се обезбедуваат од нафтата, а останатото се добива од шверц на дрога, продажба на електрична енергија и од помош. Според „Ај Ејч Ес Џејнс“, во последните 15 месеци ИД загубила околу 22 отсто од својата територија, а под нејзина власт останале шест од девет милиони луѓе, што ја намалува даночната основа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто
-
ИД ја презеде одговорноста за нападот во лондонското метро