Иста цена за систематските прегледи на вработените во сите овластени здравствени установи. Со измените на законот за здравје и безбедност при работа нема веќе да има нелојална конкуренција.
Ќе се спречи и да се издаваат потврди без преглед.
Со законските измени точно е утврдено кои медицински услуги треба да гои добијат работниците во основниот пакет кој чини 800 денари.
На оние со ризични професии како што се градежните работници,рударите,хемичарите ќе им бидат правени дополнителни анализи.
-Како основна причина за иницирање на законските измени беа теренските информации коишто ги добивме како министерства, а коишто покажуваат дека здравствените прегледи коишто им се вршат на работниците како редовни систематски прегледи не се стандардизирани според видот и обемот, односно не се опфатени сите сегменти, анализи и испитувања коишто треба да им се направат на работниците заради констатирање на вистинската здравствена состојба кај секој поединец, рече Спиро Ристовски,министер за труд и социјална политика.
Систематски прегледи на работниците може да се вршат во 20-тина акредитирани здравтвени установи. Работодавачите се должни најмалку еднаш на две години да обезбедат медицински преглед на сите вработени.
Од труд и социјала велат дека фирмите генерално го почитувале ова, но проблем била различната цена во здравтвените установи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјалистите ќе чекаат уште една година за ветената плата од 100.000 денари
-
Што се имаат извадено докторите од дишните патишта на децата?
-
Лекарите не се вреднуваат според заслугата, туку по партиска линија или ако се во род со професори – му се пожали специјализантка на Заев
-
Лекарите го исклучија од апарати спротивно на желбата на родителите, но детето е уште живо