| четврток, 6 декември 2018 |

И почина двегодишната ќерката ,а убиецот цело време бил на оваа фотографија

Џени Дити ја загуби двегодишната ќерка. Само неколку недели по нејзината смрт  додека полицијата ги истражуваше околностите кои упатувале  на убиство не детето, 23 годишната Џени  нарачал да се направат серија фотографии на кои ќе биде фотошопиран духот на нејзиното починато девојче. На сите, освен на полицијата, тие фотографии им изгледале како израз на мајчината тага за загубеното девојче.

88855_1m

Зад овие фотографии се крие морничава тајна.  Џени Дити и нејзиното десет години постаро момче Закри Еар Кифер, полицијата ги обвини дека ја убиле двегодишната Мејси Грејс.

Мајката на починатото девојче кое во болница било донесено со сериозни физички повреди поради кои починала, се фотографирала на гробиштата, а подоцна го додала духот на сопствената ќерка  ги споделила фотографиите на интернетот.

Фотографот кој прифатил да ја фотографира на гробиштата и да го додаде ликот на  починатото дете искрен жали поради тоа што прифатил да направи вакви фотографии.

88855_duh2

-Искрено жалам што на било каков начин учествував во нешто толку лошо и злобно. Таа делуваше како мајка која жали. Делуваше празно. Без емоции. Без тага и без среќа – изјавил фотографот Сани Џо.

Мејси Греј починала поради тешки физички повреди кои упатувале на малтретирање на дете. Џени на фотографот му кажала дека нејзината ќерка починала поради тоа што се задушила од банана.

Полицијата покренала пријава против Џени и нејзиниот партнер поради оправдан сомнеж дека сториле убиство на дете. Судењето се уште не е почнато, а полицијата како и фотографот  се убедени дека фотографиите се направени со цел да се скрие стравотната вистина, дека мајката и очувот го убиле двегодишното дете.

На оваа фотографија доколку тоа судот го докаже не се убиеното девојче  и нејзината мајка туку убиеното дете и неговиот убиец.

88855_duh3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top