Вкупната штета од февруарските поплави во струмичката општина изнесува 4,3 милиони евра. Според извештајот на општинската комисија за процена и утврдување штети од природни непогоди и други несреќи, во поплавите биле оштетени 621 куќа, од кои 456 во селото Муртино.
Од доставените 1.440 барања како неосновани биле отфрлени 63 бидејќи штетите не биле настанати од поплавите. Најголеми штети претрпеа раноградинарското производство и есенските посеви на површина од над 1.500 хектари. Елаборатот од Струмица ќе биде доставен до надлежните тела во Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.