Најголемиот македонски атлетски талент Дарио Ивановски, запиша уште еден свој одличен резултат, освојувајќи го 4. место на полумаратонската трка на престижниот „Белградски маратон“ кој се одржа вчера.
На трките на кои учествуваа околу 6.000 атлетичари од 50 земји, настапија и 50 македонски натпреварувачи, меѓу кои најуспешен беше Ивановски со освоеното 4. место. Забележителен успех имаше и Игор Јакимовски, кој го освои 9. место на полумаратонската трка.
Следниот настап на Дарио Ивановски е Државното првенство на Македонија на 10 километри кое ќе се одржи на 24. април на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија