| четврток, 6 декември 2018 |

Солидна прва трка и пех во втората за Иџе во ЕТЦЦ шампионатот

idze

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе кој оваа сезона настапува во европскиот шампионат на кружни патеки имаше делумно успешен викенд на втората трка оваа сезона. На денешните трки во Словачка на „Словакиа ринг“. На првата трка Иџе го освои седмото место и освои нови два бода во овој шампионатот, додека потоа не успеа да ја заврши втората трка.

Иџе на втората трка имаше судир со Наѓ, по што не можеше да ја продолжи трката. По викендот во Словачка, Игор Стефановски има четири освоени бода во ЕТЦЦ шампионатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top