| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: ДИК кажа дека постојат услови за фер, слободни и демократски избори

Државната изборна комисија се изјасни, кажа дека постојат услови за фер, слободни и демократски избори организирани на 5 јуни оваа година, истакна претсеадателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во денешното гостување во Дневникот на Канал 5.

gruevski-gostina-vo-kanal-5

-Конечно дојде моментот кога, тоа што СДСМ цело време зборуваше дека го чека мислењето на ДИК, иако Државната изборна комисија не е таа која кажува дали треба или не треба да има избори, таа треба да ги организира изборите, тоа е нејзина работа, но сепак СДСМ наметна една перцепција дека како ќе каже ДИК така ќе биде. Еве Државната изборна комисија се изјасни, кажа дека постојат услови за фер, слободни и демократски избори организирани на 5 јуни оваа година, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top