Говорејќи за изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на партијата Никола Груевски посочи дека е пред крај, а и дека ќе биде најобемна и најсеопфатна, подготвувана со идеи од граѓаните, сонародниците од дијаспората, експертите од различни области, луѓе со богати искуства.
Притоа најави нов проект за земјоделците- Земјоделски советник, кои слично на матичните лекари ќе бидат платени по бројот на земјоделци кои ќе ги советуваат.
-Тие ќе бидат добро платени, а ќе бидат должни неколку пати во годината да ги посетуваат земјоделците, да ги советуваат што да преземат. Тие ќе треба да полагаат испит за лиценци кои ќе треба да се обновува на неколку години, посочи Груевски. Тоа ќе го прават на писмено како доказ дека биле на лице место, што советувале, што се презело и што е резултатот, објасни Груевски, кој додаде дека покрај факултетското знаење, потребно ќе биде и познавање на странски јазик за да се следат странските стручни списанија и нови достигања, кои би ги пренеле на земјоделците.
-Ова е скап проект, но земјоделците добиваат нов партнер, покрај државата како партнер на земјоделците сега ќе добијат и високостручен партнер- додаде Груевски кој оцени дека ова е исклучителен проект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски