| четврток, 6 декември 2018 |

Крваво утро во Битола – син до смрт го претепал татка си

Рано утрово околу 5:50 часот во полициската станица во Битола, педесет и петгодишниот битолчанец Б.М. самиот се пријавил дека го претепал неговиот татко Трајко М.(82).

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот, а од лекар на Брза помош била констатирана смрт.

Од страна на увидна екипа од СВР-Битола се врши увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top