| четврток, 6 декември 2018 |

Розберг од првата, а актуелниот шампион Хамилтон од последната позиција ќе стартуваат на трката за ГН на Кина

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, ќе стартува од пол – позицијата на утрешната трка за ГН на Кина, откако беше најдобар во квалификациската сесија. Тој оствари најдобро време од сите свои конкуренти, 1:35.402 минути. Веднаш до него во првиот ред ќе биде Даниел Рикиардо, а потоа следува двоецот на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел.

Од третиот ред ќе стартуваат Валтери Ботас (Вилијамс) и Данил Кват (Ред Бул).

Актуелниот Ф1 првак Луис Хамилтон ќе стартува од опашката на ГН на Кина. Тој поради проблеми со ЕРС – системот, не можеше да мине ниту еден круг, и ќе стартува од последната позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top