Кошаркарите на Барселона одлично ги искористија двата дена пауза, и успеаја да ги консолидираат редовите па го демолираа Локомотив Кубан во вториот натпревар од четвртфиналните средби на Евролигата со 66-92 (19-24, 12-24, 18-23, 17-21). Пред два дена Кубан славеше со 66-61 во релативно изедначен меч, а денес кошаркарите од рускиот состав немаа никакви шанси против екстрамотивирани противници. Каталонците со овој триумф ја израмнија серијата на 1-1.
Кога беше најпотребно за да се намали негативата и да се одржи самодовербата во тимот, домашниот состав прецизно стрелаше од далечина, но на кошаркарите на Барселона поразот од првиот меч им служеше како дополнителен мотив. По првиот период гостите имаа пет поени предност (19-24) кое до крајот на првото полувреме се искачи на огромни 17 поени (31-48).
Домаќинот покажа нешто подобра игра кон крајот на второто полувреме, но негативата која од 20 поени која требаше да ја брка (51-71) остана недостижна. Сè што можеа да сторат кошаркарите на Кубан до крајот на средбата беше да гледата како расте негативата на семафорот што до крајот се искачи на 26 за конечни 66-92.
Анте Томиќ оствари дабл-дабл ефект од 12 поени и 10 скокови додека Наваро уфрли 18 поени. За домашниот состав, Делејни забележа 19 поени, два повеќе од Рандолф.
Следните два натпревари од овој дуел од четвртфиналето се играат во Барселона а првиот е за четири дена (19. април). Тоа е шанса за каталонскиот гигант со две домашни победи да стигне до фајнал-форот оваа сезона во Евролигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.