| четврток, 6 декември 2018 |

Жртва на трговија со луѓе открива: Ако не го сторев тоа, ќе бев мртва

80% од жртвите од трговијата со луѓе претрпуваат психичка болка, а опширната студија покажува кои работи жртвите најчесто се присилувани да ги прават.

-Доколку не го направев тоа, ќе бев мртва“. Со овие зборови една жена, жртва на трговија со луѓе раскажува во британска болница зошто не можела да побара помош пред да абортира. Таа била присилена од криминалците да го стори тоа, во спротивно ѝ се заканиле дека ќе ја убијат.

vo-svetot-21-milioni-lugje-se-zhrtvi-na-trgovija-so-lugje-258055

Младата жена подоцна успеала да побегне и одлучила својата траума да ја сподели со истражителите кои работат на една од најголемите студии за жртвите на „бизнисот“ со трговија на луѓе.

Резултатите на извештајот кој е направен за потребите на британското министерство за здравство биле страшни, но не и неочекувани: Речиси 80% од жените откако ќе успеат да се ослободат од рацете на криумчарите патат од пострауматски стрес, тешка депсресија или анксиозност дури 16 месеци после ослободувањето.

lament

Околу 30% од жените кои се киднапирани од криумчарите се присилувани на проституција, а преостанатите 70% работат буквално како робови. Поразителен е податокот дека 66% од тие жени се силувани. Околу 40% од нив дополнителни три месеци водат психолошка борба со анксиозноста и депресијата.

Поголема грижа за жртвите

Доктор Сиан Орам, главен автор на студијата објавена во магазинот American Journal of Public Health изјави:

-Јасно е дека трговијата со луѓе има разорни и долготрајни последици на менталното здравје, постои итна потреба за докази за ефикасноста на психолошката терапија и лековите, за да се поддржат сите кои што се загрозени.

Освен сексуалните услуги, од жените се бара да бидат слугинки во куќите, да работат во земјоделството и да извршуваат други работи. Автопералните и салоните за убавина често ги користат услугите на трговците со луѓе.

Докторката Кети Зимерман, уште една од експертите кои што учествувале во изработката на студијата вели дека жртвите се присилувани да работат по 16 часа дневно и вели дека многу се „разновидни“ потребите за „човековите робови“.

-Мислам дека јавноста мора да води сметка и да знае кој работи на местата чии што услуги се користат. Ако сопреш, погледнеш наоколу и забележиш дека лицето можеби работи во услови кои се навредливи за неговото достоинство, тоа би можело да биде модерно ропство. Секогаш имаш можност да го пријавиш тоа до надлежните власти.

Исповед на жртвите

Во студијата има анонимни цитати од неколку жртви. Млада жена била присилена да абортира во доба од 18 до 21 година и вели дека била толку исплашена што не сакала да побара медицинска помош. Друга жена од 22 до 25 години вели дека била присилена да работи како проститутка.

Таа вели дека барала помош со години: „Имав тешки проблеми со менталното здравје. Сите беа свесни дека земам и дрога. После 6 години конечно добив адекватна помош која толку многу ми беше потребна“, раскажува една од жртвите. Таа не сакала да открие премногу детали затоа што се вознемирувала од тоа: „Тоа ми ги враќа сеќавањата, ме боли кога зборувам за тоа, а сега сум добра“.

Недоволна заштита на жртвите

Кејт Робертс, шефица на Канцеларијата за трговија со луѓе е сигурна дека оваа студија ја потенцирала потребата да се обезбеди поголема поддршка и заштита на жртвите.

-Оваа студија покажува дека поддршката која што им е потребна на луѓето е недоволна и дека сегашните законски рамки едноставно не се доволни за да ги заштитат. Секако треба да се продолжи рокот во кој на жртвите им се нуди помош, сега тоа изнесува месец и пол.

Од Владиниот уред веднаш се огласиле во врска со овој извештај и порачале дека Британската Влада е посветена на тоа жртвите на модерното ропство да добијат адекватна поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top