| четврток, 6 декември 2018 |

МАН го осуди каменувањето на просториите на Радио Слободна Македонија

Македонската асоцијација на новинари (МАН) денеска го осуди каменувањето на просториите на Радио Слободна Македонија за време на вчерашниот протест пред Владата на Република Македонија.

man

Во соопштението се наведува дека ваквите инциденти се напад врз слободата на изразување и слободата на медиумите.

– МАН апелира Министерството за внатрешни работи да ги најде виновниците за насилството во редакцијата на Радио Слободна Македонија, како и одговорните за сите досегашни инциденти врз новинари и воопшто медиуми – се вели во соопштението.

МАН апелира инцидентот да го осудат и претставниците на меѓународната заедница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top