Новиот вирус на птичји грип, Х7Н9 многу полесно се пренесува од птици на човек, за разлика од претходниот тип Х5Н1, кој се појави пред десетина година, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Научниците и понатаму го набљудуваат вирусот Х7Н9 со цел да утврдат дали тој може да предизвика глобална пандемија. Засега нагласуваат дека досегашните истражувања покажале дека има мала можност тој да почне да се шири од човек на човек.
Еден од докторите на СЗО, стручњак за грип, д-р Кејли Факуда на брифингот во Пекинг изјави дека луѓето мораат да бидат послесно инфицирани од птисите со вирусот Х7Н9 отколку што тоа било случај со вирусот Х5Н1 кој се појави во Азија во 2003 година. Вирусот Х5Н1 досега уби 360 луѓе во светот, најмногу оние кои биле во контакт со заразените птици.
– Дефинитивно, ова е еден од најсмртоносните вируси на грип кој сме ги виделе досега – изјави Фукуда, додавајќи дека стучњаците и понатаму се обидуваат да го разберат овој вирус. Постои можност полесни инфекции да останат незабележани.
Бројот на заразени со птичји грип во Кина расте од ден на ден, а според информациите на СЗО, во неделата биле евидентирани 102 заболени. Досега, од овој вирус починаа 20 луѓе. Експертите изјавија дека не се сигурни како овие луѓе се заразиле со новиот тин на птичји грип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


