Кога станува збор за трендовите за фризури за оваа пролет, сè уште владее фризурата боб или долг боб, таканаречен лоб. Бидејќи пролетта носи отпуштеност и ноншалантност, и фризурите треба така да изгледаат – како воопшто да не сме се потрудиле да ги направиме. Што се однесува до должината на косата, уште е актуелна должината до под уши или до раменици, во зависност од желбата, но доминира долгата коса.

Што се однесува до бојата на косата, пожелно е да изгледа природно. Во тренд се целосно бела, побелена коса, сива и светлорозова.
Покрај класичниот боб, оваа пролет најголем хит ќе биде таканаречениот неуреден боб, со природни нијанси и со долги густи кркми, потстрижан во степен за да добие волумен и фризурата да не биде оптоварена.
Втората хит-фризура оваа пролет е со должина на подолг боб, до раменици, потстрижена во рамни линии. Кај таа фризура косата секогаш мора да биде фенирана, инаку сѐ ќе изгледа неуредно и нездраво.

Оваа пролет не може да помине ниту без ултрамодерните плетенки и тоа во сите облици. Најголем хит се оние по две од секоја страна и оние што се исплетени околу глава. Ќе се носи и едноставната, една плетенка.
Сепак, најмногу се носат фризури со две плетенки бидејќи тие изгледаат добро на секоја коса. Ако должината на косата ви е куса, можете да вметнете додаток за да ја добиете должината што ја сакате и ќе имате совршена пролетна фризура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


