| четврток, 6 декември 2018 |

Предлогот на Работнички легитимен, да се намали бројката на странски играчи од шест на три

rabotnicki 1

Најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија, КК работнички јавно бараат на претстојното Собрание на МКФ да се намали бројот на странци во елитната конкуренција и тоа од шестмина ан тројца. Во продолжение во целост ви го пренесуваме нивното соопштение.

– КК Работнички АД Скопје ги разгледа и детално ги анализираше предлог промените во Статутот и Регистрациониот правилник, по што не се согласува со предложените измени.

Ова од причина што истите го одземаат и она мало влијание на Здружението на прволигаши во однос на текот и организацијата на натпреварувањата, но исто така не се согласуваме со сегашната состојба во која право на настап во домашната лига имаат дури 6 странки играчи во секој тим. За таа цел КК Работнички предлага:

– Надлежностите и форматот на Здружението на прволигаши да остане во досегашните рамки

– Бројот на регистрирани странски играчи да се намали на максимални 3 во секој тим се со цел домашните играчи да добијат поголем можност за докажување во првата македонска лига – мажи.

Предлозите на КК Работнички се конструктивни и се за доброто на македонската кошарка и за овие предлози бараме подршка од сите кошаркарски клубови како и од Здружението на кошаркари на Македонија – се вели во соопштението.

Собранието на МКФ е закажано за 23 април, а уште од сега е јасно дека ќе биде исклучително жешко поради темите кои ќе се најдат на дневниот ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top