Економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија во март споредено со февруари годинава е понеповолна, а е поповолна во однос на март лани, оценуваат раководителите на фирмите според кои бројот на вработени во оваа дејност ќе се зголеми.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март годинава е за 0,3 процентни намален во однос на претходниот месец, а споредено со март лани е зголемен за 8 проценти.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март во однос на февруари годинава е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готовите производи сe зголемени. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март годинава е понеповолна во споредба со претходниот месец, а поповолна споредено со март лани. Оценето е дека бројот на вработени ќе се зголеми. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март годинава изнесува 63,3 проценти од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат недоволната странска побарувачка со 23,7 проценти, недоволната домашна побарувачка со 18,3 проценти и недостигот на квалификувана работна сила со 13,7 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.