| четврток, 6 декември 2018 |

Пиперки има, домаќинки нема: Состојбата во преработувачката индустрија поволна

Економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија во септември во однос на август годинава е поповолна, а многу поповолна споредено со септември лани, оценуваат раководителите на фирмите во анкетата за Државниот завод за статистика.

Според оценката на раководителите, бројот на вработените ќе се зголеми.

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември во однос на август годинава е зголемен за 0,6 проценти, а споредено со септември лани за 5,5 проценти.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември во однос на август годинава е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се речиси на исто ниво како во претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември годинава изнесува 65,6 проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имале недоволната странска побарувачка со 21,2 проценти, недоволната домашна побарувачка со 18,9 проценти и недостигот на квалификувана работна сила со 15 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top