| четврток, 6 декември 2018 |

По најавата на бранот Бугари и Романци, дел од ЕУ бара „Крај на социјалниот туризам“

uk borderЛондон бара поддршка од државите на ЕУ за да се стави крај на „социјалниот туризам“, заговарајќи постри ограничувања за имигрантите кои не доаѓаат за работа, туку за користење на социјалните фондови и на бенифициите, на пример бесплатното образование и лекување. Зад ова британско барање застанаа Германија, Австрија и Холандија.

Четирите држави упатија заедничко јавно писмо во кое предупредуваат внатрешните мигранти во ЕУ се насочуваат во најголема мерка кон училиштата, здравствената заштита и кон инструментите на социјалната држава, обременувајќи ги фондовите на земјите каде се населуваат.Во писмото, четирите земји сметаат дека слободното движење на работната сила во рамките на Унијата, што е едно од основните начела на кои се потпира ЕУ „не може да биде безусловно“.

Оваа реакција доаѓа во време кога, како што објавуваат „илјадници имигранти – Бугари и Романци“ се подготвуваат да тргнат кон Велика Британија и кон другите земји во ЕУ, откако Брисел, на почетокот од 2014 година ќе им ја укине седумгодишната рестрикција. Владата во Лондон претходно најави дека ќе го ограничи достапот на имигрантите до бенифициите во секторот на домувањето, при правната помош и во државното здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top