| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца маскирани и вооружени нападнале фризерница

grabez vooruzen maskiran

Од засега непознати причини тројца маскирани и вооружени разбојници упаднале во фризерница и го удриле со кундак соптвеникот.

Според полицијата, утринава во 3,30 часот, во Скопје на улица Пере Тошев, додека Е.Б.(58) го чистел фризерскиот салон „Лејла“, дошле три маскирани лица вооружени со пиштоли, при што едно од лицата со кундак од пиштол го удрил Е.Б. во пределот на главата, додека другите две лица испукале неколку куршуми во воздух и се дале во бегство.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top