| четврток, 6 декември 2018 |

ИЗИС прогласен за прв македонски институт на УНЕСКО

Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) на вчерашната 191. седница на Извршниот одбор на УНЕСКО стана првиот македонски институт кој што е прогласен за Институт на УНЕСКО.

iziis

Отсега ИЗИС ќе го носи името Меѓународен институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, ИЗИИС, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Институтот инсистираше кај УНЕСКО во неговото ново име да стои и кратенката ИЗИИС со која е препознатлив во светот. Во иднина, Институтот во своите меморандуми покрај неговото лого и логото на Универзитетот ќе го користи и логото на УНЕСКО.

Врз основа на извештајот на генералниот директор на УНЕСКО, беше прифатен предлогот на Владата на Македонија, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија да биде прогласен за  Институт на УНЕСКО, категорија 2.
ИЗИИС ќе биде и единствениот Институт на УНЕСКО кој ќе работи во областа на земјотресното инженерство, сеизмологијата и намалувањето на ризиците од катастрофалните земјотреси. Приемот се смета за успех на ИЗИИС, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и на Владата на Македонија.

ИЗИИС е формиран по препорака на УНЕСКО на седница која се одржала 23 мај 1965 година во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top