Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) на вчерашната 191. седница на Извршниот одбор на УНЕСКО стана првиот македонски институт кој што е прогласен за Институт на УНЕСКО.

Отсега ИЗИС ќе го носи името Меѓународен институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, ИЗИИС, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Институтот инсистираше кај УНЕСКО во неговото ново име да стои и кратенката ИЗИИС со која е препознатлив во светот. Во иднина, Институтот во своите меморандуми покрај неговото лого и логото на Универзитетот ќе го користи и логото на УНЕСКО.
Врз основа на извештајот на генералниот директор на УНЕСКО, беше прифатен предлогот на Владата на Македонија, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија да биде прогласен за Институт на УНЕСКО, категорија 2.
ИЗИИС ќе биде и единствениот Институт на УНЕСКО кој ќе работи во областа на земјотресното инженерство, сеизмологијата и намалувањето на ризиците од катастрофалните земјотреси. Приемот се смета за успех на ИЗИИС, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и на Владата на Македонија.
ИЗИИС е формиран по препорака на УНЕСКО на седница која се одржала 23 мај 1965 година во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


