Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е свесен оти луѓето се интересираат за неговиот приватен живот, но додаде дека тој се уште не е подготвен да ги задоволи со бараните информации.
Како што јави ТАСС, на прашањето кога јавноста ќе ја запознае прва дама на Русија, Путин шеговито одговори: „Искрено, не знам како ќе влијае тоа на курсот или на цената на нафтата“.
– Луѓето ги бираат пратениците и претседателите со цел тие ефикасно да работат, а нивниот личен живот не е од приоритетно значење – наведе Путин.
Тој додаде дека за него е разбирливо што луѓето ги интересираат деталите од неговиот приватен живот.
– Сепак тоа не е толку важно. А можеби и би можел еден ден да го задоволам вашиот интерес – рече Путин, одговарајќи на прашањата на еден сонародник за време на „Директната линија“ со граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.