| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Силно се оградуваме од одлуката на претседателот

груевскиНе се сомневаме во неговите добри намери, ниту во законитоста и уставноста на одлуката, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Сакаме да укажеме на следното. Прво, уште еднаш силно да се оградиме од оваа одлука на претседателот, таа не е во склад со нашите заложби и му помага на СДСМ, спротивна е на многу наши заложби. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека тој што направил криминал треба да одговара за тоа. Второ, никој во ВМРО-ДПМНЕ не се чувствува виновно и не посакува да има прекин на постапките. И покрај непрофесионалното однесување на СЈО и заземањето страна во случајот директно ставајќи се на страна на СДСМ, убедени сме дека низ правна постапка ќе се покажеше вистината и фактот дека кривичните пријави против наши функционери и отворени истраги се дел од кампањата на СДСМ. Народот го има препознаено сето ова, на мнозинството граѓани му е совршено јасно што се случува во земјава. Трето, жалиме што ова значи ослободување од гонење на Зоран Заев и Зоран Верушевски и други нивни соработници. Тие во туѓ интерес и нанесоа штета на државата и народот и требаше да одговараат- нагласи Груевски во денешното обраќање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top