| четврток, 6 декември 2018 |

Кино недела резервирана за нови акции, авантури и блокбатери во „Синеплекс“

Премиерата на најочекуваниот блокбастер за оваа година „Железниот човек 3“ македонската публика ќе има можност да ја погледне во четврток, една недела пред премиерата во САД. Неисцрпувачката имагинација на режисерот Шејн Блек го прави ова трето продолжение поатрактивно од претходните две. Овој пат Тони Старк е пошармантен, комичен, поинвентивен и навистина храбар.
Супер херојот на Марвел – Железниот човек за прв пат се појави на страниците на „Неизвесни приказни“ во 1963 година, и имаше свое деби во првиот соло стрип „Непобедливиот Железен човек“ во мај 1968 година. Трето продолжение на филмот светските филмски критичари го оценуваат како забавно, задоволувачко и недпредвидливо. Тие изјавуваат дека ова е најдобриот од сите три делови и дека е фантастичен од самиот почеток до крајот.
Trance

Своја премиера ќе има и филмот „Транс“ на познатитот режисер Дени Бојл. Во овој психолошки трилер Бојл се занимава со сеќавањата, соништата и постојаното обновување на идентитетот.
Аукционер за уметнички дела, кој се буди со изгубено сеќавање, најмува хипнотерапевт за да ја поврати украдената слика. Откако среде голем грабеж, претрпува удар во глава, Сајмон се буди со изгубено сеќавање. За да ја пронајде изгубената слика се здружува со хипнотизер. Влоговите растат како што исчезнува границата меѓу желбите, реалноста и хипнотичките сугестии.
За најмладите следува и шареноликата авантура на егзотичните птици од водопадот Викторија. Филмот „Замбезија“ ја отсликува храброста и издржливоста на малиот сокол кој посакува да биде чувар на нивниот мал рај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top