Радојка Аџиќ попозната како Дара Бубамара за време на гостување во емисијата на Огњен Амиџиќ „Амиџи шоу“ ги открила сите детали околу нејзината секс афера.
-Мојот сопруг знае за тие фотографии. Тие беа во мојот телефон, него му ги праќав. Процесот наскоро ќе добие судска завршница и ќе се дознае кој ми ја намести секс аферата. Јас искрено мислам дека тоа ми го сторила блиска личност – кажала Дара и додала дека го носела телефонот и во сервис но не се сомнева во вработените.
Со оглед дека на естрадата постојано има скандали Дара смета дека нејзиниот е ништо во споредба со другите.
-Се фотографирав во сексуален занос. Не ми се допаѓа што фотографиите се појавија во јавноста затоа што имам семејство и син. Ние во семејствотот не читаме жолт печат туку се тужиме со нив. Од парите кои ќе ги добијам на суд ќе му купам нешто на моето дете. Јас не се гордеам со целата секс афера но морам да признам дека таа ми донесе мега популарност – била искрена пејачката.
На прашањето на Огњен да ги коментира судирите кои ги има со колегите, Дара одговорила кратко.
-Не мразам никој од естрадата, но морам да одговорам кога ќе ме нападнат. Сите кои пишувал и објавувале лаги за мене, ги тужев. Тоа е макотрпен процес но вреди – кажала Дара за крај.
По емисијата на социјалните мрежи повторно почнаа да кружат фотографиите од секс скандалот на Бубамара, а коментарите кои ги следеа најчесто пишуваа дека сето оава е добар маркетинг по проверената рецепта на Северина која најголемата слава ја стекна по порно видеото по кое стана позната во целиот регион. Вистина или не оставаме сами да процените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.