Денеска во 14 часот во Македонски народен театар во репетиционата сала се одржа читачка проба за претставата „Крал Лир“ во чест на режисерот Томаж Пандур, кој вчера ненадејно почина додека траеше пробата за претставата.
На пробата присустувала целата актерска екипа, неговата сестра, драматургот, Ливија Пандур и Фелипе Де Лима, костимографот од Мадрид, Шпанија, како и сите блиски соработници на проектот „Крал Лир“, информираат од МНТ.
Се чекаше уште знакот на Пандур за почеток! Но…
„На пробата меѓудругото се зборуваше за неговиот однос кон театарот и актерите, за што сведочи и неговата бескрајна среќа што требаше да заблесне на сцената на Македонски народен театар. Неговата сестра Ливија Пандур, зборувајќи за него, кажа дека тој многу брзо се зближил со актерите, почувствувал посебна емотивна поврзаност и настојувал таа енергија да ја пренесе во уште едно уникатно уметничко дело.
Во ансамблот, тој го препознал големиот потенцијал на актерите, но и МНТ како нов важен театарски центар и место за остварување на неговите театарски визии.
Но наместо очекуваната реализација на визијата остана само длабока тага, недоискажаност, и празен стол, текст и молив… Останаа соништата за неостварениот магичен театарски свет кои овој театарски волшебник, како што со години го нарекуваат светските медиуми требаше да го отсонува во „Крал Лир“. Тоа е театарски сон и патешествие во кои владеат фасцинацијата, инспирацијата, спектакуларноста и каде единствено фантазијата е насока и граница на движење.
Во мислите на ансамблот на Македонски народен театар засекогаш ќе провејува мислата на големиот Томаж Пандур: „На својата екипа секој миг и кажувам дека сме тука за да осмислиме, да изрежираме, да се облечеме, да осветлиме… што и да е потребно за да создадеме амбиент во кој актерот ќе завладее.
Во тоа е убавината на создавање и затоа мојот однос кон актерите е сличен на опасен љубавен однос“, пишува во соопштението од МНТ.
Уште нема информација дали ќе продолжат пробите за претставата и кој би ја режирал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
МНТ со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“


