Градот Таралиа, кој се наоѓа на австралискиот остров Тасманија се продава за 8,4 милиони долари.
Градот е сместен во централниот планински дел на Тасманија, и е изграден во 1930 година, главно од мигранти од Европа, кои учестувале во изградба на сегашната фабрика „Хидро Тасманија.
Овој град некогаш бил дом на илјадници работници, но опустошел во 90-те години на минатиот век бидејќи работниците заминувале бидејќи хидроелектранта станала автоматизирана.
Населбата која се простира на 145 хектари имаа 33 куќи изградени во арт-деко стил, театар, училиште, црква кои по заминувањето на луѓето останале запуштени.
Сегашниот сопственик Џулија Хомер потрошил 13 години на обновување на сите објекти и решил да го продаде градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


