| четврток, 6 декември 2018 |

Милан Дучевски освои трето место на интернационален натпревар по пијано

Младиот Милан Дучевски освои трето место на престижниот интернационален натпревар по пијано “Џовани Музичисти” во “Б” категорија 2005 – 2007 година со програма која трае до 10 минути.

-Милан настапуваше на еден од најпрестижните натпревари во сериозна конкуренција. Иако веќе е познато дека се оценува под строги критериуми, годинава интернационалното реномирано жири, буквално ги остави младите пијанисти пред финален испит за понатамошна кариера. И покрај тоа, Милан освои трето место во неговата категорија, а доби и позитивни критики за неговиот развој како млад пијанист. Но, најважно е дека без разлика на различноста, потеклото, државата која се претставува, сите го славеа јазикот на музиката, што отвора нови можности, нови познанства и интернационално искуство.  – изјави Маја Стојановиќ, ментор на Милан Дучевски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top