Со распуштањето, претседателот на Собранието нема уставни, законски и деловнички можности да свика седница, информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, по поднесувањето на иницијативата за постапка за утврдување на одговорност за претседателот Ѓорге Иванов од страна на пратениците од СДСМ.
Оттаму наведуваат дека се направени консултации со стручните служби на кои уште еднаш било потврдено дека не постојат можности за свикување на ваква седница.
Во ситуација кога Парламентот е распуштен, според Уставот, итна седница може да биде свикана само во случаи на воена опасност и вонредна состојба, односно природна непогода или епидемија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.