Неговиот живот воопшто не бил лесен, иако би помислиле дека човекот кој прави толку добра музика и ја имал Хајди Клум за сопруга е вистински среќник. Но факт е дека тој имал доста тешко детство, добил трајни лузни на лицето и долго име. Еве ја приказната за Сил.
На 19 февруари 1963 година роден е еден од најдобрите светски музичари Сил. Роден е во Лондон, од татко Франсис Семјуел од Бразил и мајка Адебиби од Нигерија. Службено име му е Семјуел.
Имал тешко детство. Првите четири години ги поминал со хранителско семејство, потоа со биолошката мајка, а на крајот со биолошкиот татко и маќеа.
Наспроти турбулентното детство Сил стекнал диплома по архитектура.
Неговите лузни потикнуваат од автоимуна кожна болест – дискоиден еритематозен лупус , која ја добил на 23 годишна возраст. Таа болест најчесто на напаѓа кожата на главата, а ретко ан останатите делови од телото.
И пикантерија за крај: полното име на Сил е Сил Хенри Олусегун Олумиде Адеола Семјуел, понекогаш скратено Силхенри Семјуел.
Со Хајди Клум се ожени во 2005 година, но во текот на 2012 година се развеле, наспроти тоа што имаат четири деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.