Како и секоја година, така и оваа, врнежите од дожд нема да изостанат за првомајските празници. Оваа година на 1 Мај се паѓа и најголемиот христијански празник Велигден, па граѓаните (барем најголем дел од нив) ќе имаат еден долг продолжен викенд кој ќе почне во петок, а ќе заврши во понеделник.
Во текот на сите овие денови, метеоролозите не препорачуваат да заминете на излет на отворено бидејќи се најавува облачно време со услови за врнежи од дожд. Така ќе биде и во петок и во сабота, но и на Велигден во недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.