| четврток, 6 декември 2018 |

Првата светска старлета се кае за своето минато

Тара Палмер Томкинсон била една од првите лица кои се познати само затоа што се познати. Членката на британската аристократија, на која принцот Чарлс ѝ е кум, некогаш ги красела страниците на таблоидите поради своите скандали, а денес има 44 години и жали за своето минато.
Била редовен гостин на лудите забави на кои одела провокативно облечена.

Premiere of 'Evita'

Premiere of ‘Evita’

Нејзиното име станало бренд, а иако немала конкретна работа, ѝ нуделе вистинско богатство да се појавува во клубовите. Учествувала на бројни реални шоуа. Била зависна од дрога, неколку пати била на рехабилитација па повторно се враќала на пороците, а се зборува и дека морала да го реконструира носот откако го уништила со кокаин.

tara-palmer-prva-starleta-04

Последните неколку години живее повлечен живот, далеку од јавноста. Лансирала модна колекција наменета за сите жени без разлика на конфекцискиот број, работа, начин на живот. Вели дека сега единствен порок ѝ е електронската цигара. Имала бројни романси со познати личности, но моментално нема момче. Признава дека не се сеќава кога последен пат била на состанок, како и дека е свесна дека нема да ѝ се исполни желбата да стане мајка.

tara-palmer-prva-starleta-07

Тврди дека луѓето имаат погрешно мислење за неа.
tara-palmer-prva-starleta-03

“Не дојдов од светот на Парис Хилтон. Имав привилегиран живот, но тоа се “стари пари”. Нашата куќа опстанува благодарение на супер-лепак. Доколку се скрши чинија, мојот татко повторно го лепи”, тврди таа.

Сеќавајќи се на деновите на својата популарност, вели дека не можела да се носи со славата, и дека не се свртела кон наркотиците поради хедонизам и себичност, туку поради страв.

tara-palmer-prva-starleta-04

tara-palmer-prva-starleta-06

“Никогаш не сакав да бидам таква девојка, но добивав шанса по шанса, па автомобили, па телевизиска емисија. Беше возбудливо, но и малку страшно. Луѓето ми велеа дека сум брилијантна, и дека нема да го добивам сето тоа доколку не сум. Проблемот беше во тоа што не се чувствував така. Затоа почнав да ги земам тие отрови”, признала Тара и додала:”Правев работи од кои се срамам. Моето семејство поради мене беше во тешка состојба”.

Последен пат се нашла во скандал во 2014. година, кога била уапсена на аеродромот Хитроу, од каде требало да оди во Швајцарија на прослава на својот 43. роденден. Наводно реагирала насилно кога ја одбиле да ја префрлат во прва класа. Доживеала нервен слом на аеродромот, но тврдела дека не била под дејство на алкохол или наркотици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top