| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ го нападна Блан: Тактиката на тренерот не вроди со плод

ПСЖ го загуби реванш дуелот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити на „Етихад“ и со тоа ги заврши настапите во најквалитетното европско натпреварување.
Најдобриот играч на „светците“ Златан Ибрахимовиќ одигра слаб натпревар, не постигна гол и не успеа да го одведе својот тим во полуфиналето.
Сепак „Ибракадабра“ не ја призна својата слаба игра туку го обвини тренерот за елиминацијата од ЛШ и неговата нова тактика.

– Во првото полувреме игравме со нов и систем и се случи тоа што се случи. Ако се беше во ред, никој немаше ништо да каже, а сега сите велат дека сме им го подариле мечот. Мислам дека тоа беше сосема погрешно и дека „тактиката” на Блан не вроди со плод. Требаше да играме по старо, како во домашното првенство каде сме неприкосновени – рече Ибра.

Многу веројатно синоќешниот натпревар против Манчестер Сити беше последен за него во Лигата на шампионите во дресот на ПСЖ. Ако прифати некоја од понудите од другите континенти, можно е веќе да го одигра своето во елитното европско натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top