Погледнете ги фотографии од детството на најголемите злосторници во историјата на човештвото. Тие делуваат сосема невино, како и сите останати деца, а можеби сепак и не е баш така?!
Адолф Хитлер беше еден од најхаризматичните политичари. Откако ја добил довербата на луѓето, својата цел ја насочи кон елиминација на Евреите и воспоставување на нов поредок во Германија.
Хајнрих Химлер – десната рака на Хитлер. По неговите наредби, Химлер градеше концентрациони логори и воспоставуваше контрола. Беше шеф на познатата СС единица.
Јозеф Сталин – комунистички диктатор за чие време беа убиени речиси 40 милиони луѓе во Советскиот сојуз со кој владеел од 1920 па се до смртта 1953 година.
Хирохито – Јапонскиот цар беше на чело на азиската држава за време на Втората светска војна. Пред Јапонија да потпише капитулација, го поттикнуваше јапонскиот народ на самоубиство ветувајќи им место во задгорбниот живот.
Осама бин Ладен убиен од страна на единицата „Фоки“ во 2011 година. Неговиот живот вредеше 25 милиони долари.
Садам Хусеин – славниот претседател на Ирак од 1979 година се до 2003 година. Моќниот диктатор почина во 2006 година кога е обесен.
Гари Риџвеј – одговорен за 49 убиства што го прави еден од најголемите сериски убици во поноваta историја.
Џон Вејн Гејси – познатиот „кловн убиец“. Убил по меѓу 33 и 40 момчиња, додека бил угледен член на заедницата.
Џефри Дахмер – уште како малечко момче малтретирал и сецирал животни, а кога пораснал нехумано ги третирал и своите жртви. Еден од најозогласените убијци во историјата.
Чарлс Менсон – можеби и најпознат сериски убиец во историјата во чие име убиваа и многу други после него.
Андерс Брејвик – одговорен за терористичките напади во Норвешка во 2011 година кога убил 77 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.