| четврток, 6 декември 2018 |

ЦСКА се намачи со Црвена Звезда во првиот натпревар од четвртфиналната серија

cska

Рускиот гигант ЦСКА Москва потешко од очекувањата славеше победа во првиот натпревар од четвртфиналето во кошаркарската Евролига против Црвена Звезда со 74-64.
Тимот на Итудис важи за асполутен фаворит во овој дуел кој треба во серијата подобар до три победи да го даде првиот патник на фајнал-форот. Сепак во Москва гостите од Белград се покажаа како тврд орев вистински ја намачија ЦСКА.
Звезда одлично го започна мечот и по само 3 минути имаше предност од 9-2. Тренерот на домаќините побара тајм-аут за да ги консолидира редовите и направи серија со која го преземаа водството кое на полувреме изнесуваше само четири поена (44-40).

иако во третиот период Русите поведоа и со единаесет поени разлика, Црвена звезда успеа да се врати и да одржува резултатска неизвесност се до четири минути до крајот, кога ЦСКА успеа уште еднаш да се одлепи и да ја одржи солидната позитива до самиот крај, за конечни 74-64.

Теодосиќ беше предводник на ЦСКА со 23 поени, 6 скока и 6 асистенции, а одличен беше и Хајнс, кој реализираше 21 поен. Кај Црвена звезда најефикасни на ова гостување беа Милер и Јовиќ со по 14 поени.

Следниот натпревар од оваа серија, која се игра до три добиени меча, е на програмата в четврток, исто така во Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top